Стотици мигранти тргнаа од Турција кон Европа

28.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стотици мигранти тргнаа од Турција кон Европа

Стотици мигранти тргнаа низ северозападна Турција кон границата со Грција и со Бугарија, откако турски официјален претставник изјави дека Анкара повеќе нема да ги сопре сириските бегалци на патот кон Европа.
        
Ваквата мерка доаѓа откако 33 турски војници беа убиени во сириските воени воздушни напади во Идлиб. Официјален претставник изјави за Ројтерс дека на турската полиција, чуварите и граничната полиција им било наредено да не ги спречуваат мигрантите и бегалците да се движат преку копно или море кон Европа, во очекување на пристигнувањето на нови бегалци од Идлиб.
        
Турската агенција Демирорен наведува дека околу 300 мигранти, вклучително и жени и деца, тргнале на границата со Грција и Бугарија. Меѓу нив има Сиријци, Иранци, Ирачани и Пакистанци.Мигрантите се собрале и во западна Турција со цел со брод да дојдат до грчкиот остров Лезбос.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата