(Видео) Страшна незгода во Загрeб: „Aуди“ во полн налет покоси трамвајска постојка

27.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Страшна незгода во Загрeб: „Aуди“ во полн налет покоси трамвајска постојка

Страшна сообраќајна несреќа се случила во Загреб вечерта од недела кон понеделник, пренесуваат хрватските медиуми кои објавија и видео од инцидентот снимено од надзорните камери во близина.

Во раните утрински часови возач на „ауди“ се забил во трамвајска станица во близина на главната пошта во градот.

Според информациите од загрепската полицијата, со автомобилот „ауди а6“ управувал 31-годишник.

Во еден момент со предните тркала на автомобилот возачот налетал на рабниците од островот за насочување на сообраќајот по што покосил два столба за пешачки семафори. Возилото продолжило да се движи со огромна брзина кон трамвајската станица, каде налетало на ограда и натрешница. Од силниот удар постојката е целосно демолирана.

Возачот е тешко повреден во незгодата и му била пружена лекарска помош во Клиниката за трауматологија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата