Американците истражуваат: Дали ЛЕКОТ Метформин - ПРЕДИЗВИКУВА РАК?!

27.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американците истражуваат: Дали ЛЕКОТ Метформин - ПРЕДИЗВИКУВА РАК?!

Американската Агенција за лекови (ФДА) започна со тестирање примероци на лекот за дијабетес Метформин за да се испита дали  содржи супстанца Н-нитросодиметиламин(НДМА), која предизвикува рак, соопшти ФДА, а пренесоа медиумите во САД.

„ФДА истражува дали метформинот на американскиот пазар содржи НДМА и дали е над прифатливиот дневен лимит на 96 нанограми“, рече Џенет  Вудкок, директор на Центарот на ФДА за проценка и истражување на лекови.

Метформин е првиот лек за дијабетес тип 2, кој под различно име се користи во сите земји во светот. Лекот го намалува производството на гликоза во црниот дроб и ја зголемува чувствителноста на организмот кон инсулин, така што доаѓа до поефикасно искористување на инсулинот. Метформинот е четвртиот лек кој најмногу се користи во САД, каде повеќе од 30 милиони луѓе имаат дијабетес, а 90 до 95% се тип 2.

„Ако овие извештаи се потврдат како вистинити, тоа би можело да биде голем удар за многу милиони луѓе кои го користат овој лек низ светот“, рече Ранит Мишори, професор по семејна медицина на Универзитетот Џорџтаун, пишува Ројтерс.

И Европската агенција за лекови( ЕМА) бара од компаниите да ги тестираат лековите со метформин во ЕУ за можно присуство на НДМА, реагирајќи на наодите од Сингапур за нечистотии од оваа супстанца кај некои производи од метформин.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата