Готово е, КОСОВО ГИ УКИНУВА ЦАРИНИТЕ ЗА СРБИЈА, Харадинај го нарече Курти - предавник

27.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Готово е, КОСОВО ГИ УКИНУВА ЦАРИНИТЕ ЗА СРБИЈА, Харадинај го нарече Курти - предавник

Премиерот на Косово, Албин Курти најавува укинување на даноците на стоки од централна Србија и БиХ на вонредна прес конференција. Курти додаде дека, доколку Србија покаже добра волја, тие се подготвени да ги укинат сите такси во рок од 90 дена, од 1 април.

Тој ја повика Србија да престане со кампањата за повлекување на признание на косовската независност. 

Поранешниот премиер на Косово Рамуш Харадинај оцени дека одлуката на Албин Курти за укинување на царините во суштина е предавство на Курти на Србија.

"Вечерва, измамникот Алибин и се предаде на Србија. Ова е почеток на враќањето на Србија и Русија на Косово. Измамнику Алибин, од денес, вие сте одговорни за повторно освојување на Косово од Србија. Бог да го благослови Косово и неговите луѓе", напиша Харадинај на својот профил на Фејсбук.

Харадинај ја предводеше косовската влада кога беше донесена одлука во 2018 година да се наметне сто процентна екстра такса на производи од Србија и Босна и Херцеговина и сега е најголемиот противник за укинување на истата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата