СТРАОТНА СООБРАЌАЈКА: Со ауди разнесе цела постојка

27.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СТРАОТНА СООБРАЌАЈКА: Со ауди разнесе цела постојка

Изминатиот викенд во Загреб се случила стравична сообраќајна несреќа која, за среќа, поминала без жртви и загубени животи. Што откако ќе го изгледате видеото во прилог ќе ви изгледа неверојатно. 

Имено, во раните утрински часови возач на автомобил „ауди“ со голема брзина удрил во трамвајска станица во близина на главната пошта.

Полицијата соопштила дека зад воланот на автомобилот марка „ауди А6“ со загрепски регистарски таблици, а кој се движел по улицата „Кнез Бранимир“ во насока кон запад, бил 31-годишен маж. Тој од сообраќајната лента за вртење десно продолжил да се движи право поради што со предните тркала налетал на пешачки остров за насочување на сообраќајот и поминал преку него налетувајќи на два столба на пешачки семафори. 

Инаку, несреќата е снимена на безбедносни камери, а во неа возачот е тешко повреден и се наоѓа на лекување.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата