СТИГНАА РЕЗУЛТАТИТЕ: Последното лице што денеска беше тестирано НЕМА коронавирус

27.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СТИГНАА РЕЗУЛТАТИТЕ: Последното лице што денеска беше тестирано НЕМА коронавирус

Тестовите на лицето за кое попладнево се чекаа резултатите се негативни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.

- Резултатите на лицето пристигнато од Италија, кое се тестираше во изминативе неколку часа на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се негативни на корона вирус. Ова е последното лице за кое се чекаа резултатите и во овој момент нема други лица кои се тестираат на корона вирус, соопштуваат од Министерството за здравство.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата