Го испробавме флексибилниот Huawei Mate Xs (ЕКСКЛУЗИВНО + ФОТО)

27.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Го испробавме флексибилниот Huawei Mate Xs (ЕКСКЛУЗИВНО + ФОТО)

Само неколку дена по светската премиера во Барселона, имавме прилика во живо да го испробаме новиот флексибилен уред на Huawei

Никола Бурагев

Мобилниот конгрес во Барселона беше откажан поради коронавирусот, па големите компании мораа да пронајдат други начини за да ги претстават своите нови уреди.

Huawei ги претстави своите најнови производи на посебен стриминг настан во живо во Барселона, а единствениот објавен смартфон беш флексибилниот Huawei Mate Xs, наследник на првиот Mate X модел.

Само неколку дена по светската премиера во Барселона, имавме прилика во живо да го испробаме новиот флексибилен уред на Huawei, чиј дисплеј се свиткува од надворешната страна и од смартфон се претвора во таблет.

Huawei Mate Xs има големина на екранот од предната страна од 6,6-инчи, од задната 6,38 инчи, а кога уредот целосно ќе се отвори, вкупната дијагонала на дисплејот изнесува 8 инчи. Овој уред го покренува побрзиот Kirin 990 5G процесор, а вкупно поседува четири камери.

Главната камера има 40MP, а тука се уште и камерите од 8MP, 16MP, како и 3D depth-sensing камера. Оперативниот систем е Android 10, со EMUI 10 интерфејс. Поради високата цена од 2499 евра (8GB/512GB), флексибилниот уред нема да се продава во Македонија, но сите заинтересирани можат да го набават во некоја од европските држави или во САД.

Покрај Huawei Mate XS, во Барселона беа претставени и таблет уредот Huawei MatePad Pro 5G, лаптопот Matebook, Huawei Wi-Fi AX3 i Huawei 5G CPE Pro 2, две решенија за поврзување со Wi-Fi 6+ мрежа.

Овие уреди не пристигнуваат со Google Play Store, туку апликациите за нив ќе можат да се преземат од продавницата за апликации на Huawei, наречена App Gallery. Претставниците на Huawei за регионот на Југоисточна Европа, меѓу кои е и Македонија, на вчерашната презентација информираа дека AppGallery моментно е во Топ 3 продавници за апликации на глобално ниво.

Huawei AppGallery е дистрибуиран во над 170 земји и региони, со над 400 милиони активни корисници месечно, опфаќајќи најпосакувани и користени апликации и услуги ширум светот.

Во галеријата подолу можете од прва рака да погледнете како изгледа новиот Huawei Mate Xs:

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата