Интервенирано на повеќе локации во Скопје по штетите што ги предизвика невремето

27.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Интервенирано на повеќе локации во Скопје по штетите што ги предизвика невремето

Екипите на Градот Скопје, составени од јавните градски претпријатија и Противпожарната бригада на Скопје, во соработка со Центарот за управување со кризи, интервенираа на поголем број локации за отстранување на штетите и препреките предизвикани од невремето и силниот ветар што синоќа дуваше во Скопје и достигна брзина од над 100 километри на час.

На терен се евидентирани поголем број паднати дрвја, оштетени фасади и конструкции на покриви на поголем број објекти, оштетени билборди и возила.

До 12 часот до јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ пристигнати се вкупно 72 пријави за паднати дрвја. Екипите од секторот „Дрвореди“ од претпријатието досега интервенираа на 42 локации во сите општини во Скопје, а активностите ќе продолжат до целосното расчистување на теренот.

Големото невреме предизвика поголемо оштетување и на конструкцијата на покривот на СУГС „Марија Кири-Склодовска“, каде што денеска не се одржува настава и екипи на ЈП „Улици и патишта“ и Противпожарната бригада работат на расчистување на теренот. Оштетување е предизвикано и на објектот на СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“.

Согласно со најавите од УХМР и можноста за повторни врнежи на дожд и засилен ветар во текот на денешниот ден, апелираме до граѓаните да го избегнуваат движење по патеки покриени со дрвја, како и да избегнуваат да ги паркираат возилата во близина на дрвја.

Екипите на Град Скопје ја следат состојбата на терен и смируваат дека се подготвени да интервенираат за санација на штетите предизвикани од евентуално невреме.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата