Убиен припадник на поранешната ОВК кaj Пеќ 

27.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Убиен припадник на поранешната ОВК кaj Пеќ 

Припадник на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК), Ќерим Кељменди, бил пронајден запален во својот автомобил во селото Захаќ, кај Пеќ, во раните утрински часови, соопшти косовската полиција, пренесува „Спутник“.

„По добивањето на информацијата, единица од полициската станица во Пеќ излегла на местото на настанот каде што го затекнале возилото целосно опфатено со пламен. Противпожарната единица го изгаснала пожарот. Жртвата прво била убиена, а потоа запалена“, се наведува во првичниот полициски извештај.

Приштинските медиуми посочуваат дека станува збор за братот на Ибрахим Кељменди, еден од лидерите на Народното движење на Косово.

Кељменди бил многу активен на социјалните мрежи и често критички зборувал за активностите на покојниот прв повоен косовски претседател Ибрахим Ругова.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата