(Видео) Поглаварите на православните цркви ѝ порачаа на Црна Гора да го почитуваа имотот на црквата

27.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Поглаварите на православните цркви ѝ порачаа на Црна Гора да го почитуваа имотот на црквата

Учесниците на меѓуправославниот состанок во Аман ги поддржаа канонските цркви во Македонија и во Црна Гора, се наведува во соопштението усвоено на крајот од средбата, пренесува српски „Курир“.

„Што се однесува до Македонија, делегациите соопштија дека ова прашање треба да се реши по пат на дијалог во рамките на Српската православна црква и со сеправославна поддршка“, се наведува во документот.

Тие сметаат дека властите во Црна Гора кои трева да го почитуваат правото на црковн имот на СПЦ.

„Што се однесува до Црна Гора, делегациите што учествуваа на состанокот ги повикаа надлежните органи да го почитуваат и да го поддржат основното право на сопственост, вклучувајќи го и имотот на црквата“, се наведува во соопштението.

На овој собир присуствуваа четворица поглавари на 15 помесни цркви. Освен ерусалимскиот патријарх Теофил, кој го иницираше состанокот, на него псисуствувале и московскиот патријарх Кирил, српскиот патријарх Иринаел и митрополитот на Чешка и Словачка, Ростислав. На собирот присуствувал и митрополитот киевски Онуфриј.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата