Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска присуствуваше на свеченото отворање на хотелот „Мона Плаза“ каде пред присутните имаше и свое обраќање.
Во еден момент одговарајќи на новинарски прашања, Вучиќ го прекина својот говор и се накашла неколку пати, шегувајќи се велејќи дека е заради лековите за притисок и срце, а не заради коронавирусот.
Вучиќ изјави дека бил негативен на тестот за коронавирус, шегувајќи додаде дека е „негативен е роден“ алудирајќи на тврдењата изнесени во документарецот „Владетелот“.
„Знаете каков страв има кај луѓето, сите бегаат од тој што кива. Негативно сум тестиран, не се секирајте, нека речат и негативно роден. Фала и на мајка што ме роди негативен“ рече Вучиќ