LG го претстави смартфонот V60 ThinQ 5G со два екрана (ВИДЕО)

27.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
LG го претстави смартфонот V60 ThinQ 5G со два екрана (ВИДЕО)

Компанијата LG официјално го претстави својот нов смартфон со два екрана.

Се работи за смартфонот LG V60 ThinQ 5G кој го има сето она што се очекува од еден flagship во 2020 година.

Го доби процесорот Snapdragon 865, 8 GB RAM и 128 или 256 GB интерна меморија.

Го напојува батерија од 5.000 mAh. Во фокусот е секако екранот, поточно 6,8-инчен P-OLED екран со резолуција од 2.460×1.080 пиксели, но доаѓа со идентичен втор екран. Вториот екран содржи 2,1-инчен монохроматски дисплеј за побрз пристап до известувањата.

Позади се наоѓаaт главната камера од 64 MP, широката камера од 13 MP и ToF камера, додека напред е сместена селфи камерата од 10 MP.

Смартфонот ќе биде достапен во сина и бела боја, а продажбата започнува во март. Ќе чини нешто помалку од 1.000 долари.

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата