Вилма Русковска потврди: НЕСРЕЌНО ПРОБУВААТ ДА СЕ СПАСАТ СО ЗАКОНОТ ЗА ЈО, ПРАКСАТА НА СТРАЗБУР Е ПОИНАКВА (ВИДЕО)

26.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вилма Русковска потврди: НЕСРЕЌНО ПРОБУВААТ ДА СЕ СПАСАТ СО ЗАКОНОТ ЗА ЈО, ПРАКСАТА НА СТРАЗБУР Е ПОИНАКВА (ВИДЕО)

За жал го имаме тоа несреќно решение од членот 110 во законот за Јавно обвинителство, посочи јавната обвинителка Вилма Русковска вечерва на Алфа ТВ.

- Член 4 е во спротивност со членот 110 од законот за јавно обвинителство. Нелегално прислушкуваните материјали ќе можат да бидат користени како докази. Праксата на судот во Стразбур кога случајот е од голем јавен интерес вели дека нелегално стекнати материјали се користат како докази. Член 110 е несреќно решение, посочи Русковска

Да потсетиме

На вонредна владина седница, Владата го утврди текстот на Предлог-законот за јавното обвинителство. Законот е протуркан спротивно на Уставот и законите и меѓународните правни стандарди.

Со ваков Закон за ЈО, најмногу добива Зоран Заев и неговите соработници, а тоа најубаво е пресликано во членот 110.

Според овој член, ЈО нема да може да го заснова обвинението врз основа на незаконски прислушувани материјали. Исклучок на ова се предметите поднесени до наделжниот суд до 30 јуни 2017 година.

Снимките и транскриптите, пак, за предметите покренати до 15 септември 2019 година, ќе можат да се користат само како индиции, но не и како докази, ниту пак како основа за поднесување на обвинение. Згора на тоа, овие снимки и транскрипти, ќе се уништуваат во рок од три месеци по завршување на постапките.

Ова значи дека правдата не е еднаква пред сите или дека сте се еднакви, но некои се понееднакви од другите.

Со овој член 110, Заев и неговите, директно се ослободуваат од евентуалните инкриминирачки снимки, за кои се погласно се зборува дека постојат и дека би обелодениле доста.

Зоран Божиновски ја објави целата снимка од „Поткуп“. Иако на неа јасно се гледа како Заев извршува кривично дело, тој беше ослободен од страна на Весна Димишкова, истата судијка која го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ по барање на СЈО, за веднаш потоа биде повикан и уценет и претседателот на партијата Христијан Мицкоски од страна на Катица Јанева, за возврат доколку се одмрзне имотот на партијата на ВМРО-ДПМНЕ, да биде дадена поддршка од страна на партијата за продолжување на мандатот на специјалната обвинителка.

Неодамна, исто така, објавени беа детали за тоа како браќата Заеви потплаќале граѓани за победа во Струмица на локалните избори, но за најавената нова главна обвинителка Вилма Рускоска, тука немало основ за гонење.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата