Најпознатиот српски д-р Несторовиќ тврди: КОРОНАВИРУСОТ ЌЕ ГО СНЕМА ВО АПРИЛ!

26.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најпознатиот српски д-р Несторовиќ тврди: КОРОНАВИРУСОТ ЌЕ ГО СНЕМА ВО АПРИЛ!

„Живејте го животот. Сите ќе го дочекаме април, кога ќе излезат сончевите УВ зраци, ќе имаме многу витамин Д и тоа ќе му помогне на имунитетот, а вирусот ќе угине“, порачува проф. д-р Бранимир Несторовиќ, началник на одделот за пулмологија и алергологија во Тиршова. Нестровиќ нагласува дека нема причина за паника.  

„Епидемијата во Кина е при крај. Веќе се знае дека паѓа вируленцијата на вирусот кој е се послаб и послаб. А инаку е слаб. Жените имаат поблаги облици, ги штити естрогенот. Коронавирусот е најслаб ако се спореди со САРС и МЕРС“, додава Нестровиќ, според кого затворањето на границите и нелетањето на авионите е тотална глупост.  

„Јас нема да носам маска, никогаш не сум ја носел. Рацете ќе ги мијат како и досега“, додал за крај д-р Несторовиќ. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата