Мицкоски со барања до институциите: Покренувањеистрага против Заев за злоупотреба на службената должност

25.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски со барања до институциите: Покренувањеистрага против Заев за злоупотреба на службената должност

- Разбирам зошто од власта се нервозни, затоа што народот е кренат на нозе, веќе свесен за тоа што се случува. И со искуство за луѓето кои ни ја водат државата. И нема да поминат никакви дефокусирања со измислени теми. А денес протестираме затоа што неправдата станува неподносливо секојдневие. И затоа што се виде зошто Заев се бореше толку за закон за обвинителство со кој се надева бомбите да не важат. Но ако се премолчи и ова тогаш чуму судство и обвинителство. А обвинитеството и судството не смее повеќе да молчи за убвањето на правдта – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред насобраната толпа на протестот против неправдите кои власта на Зоран Заев ги нанесе на Македонија.

Тој ги упати барањата до институциите:

Прво, покренување на истрага за злоупотреба на службенатаа должност од страна на Зоран Заев кој се меша во обвинителски постапки, и одлуки на Врховниот суд. И тоа истрага од тим на обвинители кои нема да ги одбере Рускоска, поточно Заев, туку обвинители во кои ќе има доверба експертската јавност како гаранција за непристрасност и независност. Мора да има обвинение по кое Заев ќе одговара за попречување на правдата.

Второ, согласно Уставот, Врховниот суд на Република Македонија е највисок суд во Републиката и го обезбедува единството во примената на законите од страна на судовите. Кога врвот во судството не ви чини, тогаш надоле е труло. Кога во врвот слушаме дека се диктирале одлуки од премиерот значи дека правдата целосно затаила. Затоа бараме итна и неодложна ревизија на работата на Врховните судии без исклучок и ревизија на нивите одлуки. Таму каде ќе бидат утврдени неправилности потребно е оставки и одговорност пред законите.

Трето, итна реформа на Советот за реформи во правосудството што ќе значи времено суспендирање на секаква негова активност поради контаминираноста на неговата работа и барање на меѓународна експертска помош во реализција на реформите.

Очекуваме реакција, и тоа брза ракција, а доколку ја нема, народот е тука и веќе добро знае што треба да направи и каков одговор да следи на 12ти април. Затоа во оваа држава под власт на правдоубиецот Заев ниту една работа не е на прав пат, но по вакви злодела, по вакви неправди и брутални грабежи, треба да знаат и тој и таквите како него, и тој и тие кои слугуваат, како и сите други кои ќе се огрешат, прав е патот само до затворот Идризово.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата