Јанушев: Народот дава црвен картон за Заев, обвинителството и судството

25.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јанушев: Народот дава црвен картон за Заев, обвинителството и судството

Главната порака вечерва доаѓа од народот. Она што следува пак на 12 април е надојден Вардар. За состојбата во земјава воновен е правдоубиецот Зоран заев. Тој си донесе Закон за јавно обвбителство, како и неговата СДСМ со која материјалите не можат да се користат во постапка против него, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев пред почетокот на протестот насловен како Протест против неправдите, а гостувајќи на вестите на Канал 5 телевизија.

-Се донесе Закон за јавно обвинителство со кој не можат материјалите кои говорат дека Заев е и главен обвител, и главен судија и премиер да се користат во постапка за него. Но, правдата и обновата доаѓаат на 12 април. Ова што се случува вечерва е изразување на волјата на народот, рече Јанушев.

Генералниот секретар на партијата потенцираше дека ова е протест против сите неправди сторени од надлежните.

-Се дава црвен картон за кримнално рекетарската бада, но и за обвинителството и судството. А она што го направи како протест СДСМ е нелогично. Замислете организирате протест сами против себе, заклучи Јанушев.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата