Словенија: Јавните институции преземаат мерки на претпазливост

25.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Словенија: Јавните институции преземаат мерки на претпазливост

Јавните институции во Словенија почнаа со преземање мерки на претпазливост за заштита на персоналот од инфекцијата со коронавирус, откако беа потврдени првите случаи на вирус во нивното соседство – Италија, Австрија и Хрватска.

Некои училишта ги откажаа планираните активности, а гимназијата во Љубљана објави дека ги прекинува меѓународните размени со Италија и екскурзијата во Рим планирана за во април, објави СТА.

Универзитет во Љубљана ги повика своите студенти и професори кои престојувале во делови од Италија погодени од коронавирусот, во следните 10 дена да останат во домашен карантин две недели.

Министерството за образование издаде општи насоки до образовните институции, повикувајќи ги наставниците и директорите да подготват планови за непредвидени состојби за да се обезбеди дека наставата може да продолжи без нарушувања.

На училиштата им е дадено дискреционо право да го проценат ризикот и соодветно да ги прилагодат своите активности.

Половина од училиштата во земјата не работат оваа недела, бидејќи учениците во источниот дел на Словенија имаат еднонеделен зимски распуст.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата