Осум лица осудени за предавство во Саудиска Арабија, еден на смртна казна

25.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Осум лица осудени за предавство во Саудиска Арабија, еден на смртна казна

Саудискиот суд осуди еден саудиски државјанин на смртна казна под обвинение за предавство и шпионажа за Иран, објави саудиската државна телевизија.

Седум лица се осудени на затвор под истите обвиненија.

За седумте осудени затвореници било утврдено дека биле поврзани и соработувале со луѓе кои работат во иранската амбасада.

Саудиска Арабија, која се смета за сунитска сила и Иран, кој е мнозинско населен од шиитското население, со децении водат „студена војна“ за превласт во регионот, главно преку посредници во Јемен, Сирија и Ирак.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата