ДВА СОМНИТЕЛНИ СЛУЧАИ ВО СРБИЈА - Моментално се вршат тестирања

25.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДВА СОМНИТЕЛНИ СЛУЧАИ ВО СРБИЈА - Моментално се вршат тестирања

Двајца Срби се во карантин во Шабац поради сомнение дека се заболени од коронавирус. Еден се вратил од Тајалнд, а другиот од Милано, пишува српски „Блиц“.

Хоспитализираните мажи се во изолација.

Пацинетите се одвоени зошто доаѓаат од означени подрачја. Патникот на Тајланд таму престојувал во период додека немало изолирани случаи на коронавирус, додека патникот од Милано добил температура, па според прописите, неговата здравствена состојба мора да биде следена и контролирана.

Епидемиолозите од Институтот за јавно здравје „Шабац“ земале примероци од материјали за анализа во Институтот. Пациентите не се респираторно  загрозени ниту се третираат со кислород, но имаат симптоми на сезонски грип – специјалистот Д-р Борка Кокановиќ

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата