(Видео) Мицкоски: Економијата е наш приоритет

25.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Мицкоски: Економијата е наш приоритет

Благодарност до претседателот на Македонско-турската стопанска комора за можноста и ние како политичка партија да ги претставиме оние дефинирани политики и проекти коишто планираме да ги реализираме како идна влада во Македонија, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„За нас е исклучително важна оваа средба бидејќи според тоа што знае македонската јавност, или па можеби сè уште не знае, факт е дека компаниите што се дел од оваа стопанска комора имаат повеќе од 2 милијарди евра инвестициии, повеќе од 10.000 вработени практично се дел од компаниите што се дел од Македонско-турската стопанска комора. Факт кој сам по себе е импозантен, факт кој  сам по себе значи многу.

Нашата заложба, односите на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со сите стопански комори, вклучувајќи ја стопанската комора помеѓу Македонија и Турција, да се продлабочуваат, да се интензивираат и зошто да не зборуваме за двоцифрени бројки на инвестиции на вложувачи од страна на Турција овде, во Република Македонија и зошто да не зборуваме за 2 до 3 пати повеќе вработени коишто ќе работат во компаниите што се дел од оваа бизнис-асоцијација.

Навистина за мене претставува чест и задоволство што ќе можам денеска да разговарам со искусни претприемачи, бизнисмени, луѓе коишто оставиле забележителна трага на економијата во Македонија. Нешто да слушнеме, дел од тоа што ќе го слушнеме очекуваме да биде дел од нашата програма исто како што слушавме од другите стопански комори каде што, како што кажа и претседателот Ајдован, очекувам  плодна и навистина квалитетна средба денеска на состанокот“, вели Мицкоски.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата