Нов парк ќе никне на местото на депонијата кај скопската железничка станица

25.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нов парк ќе никне на местото на депонијата кај скопската железничка станица

Локацијата која што повеќе од 20 години беше дива депонија, ќе прерасне во нова зелена површина во Скопје, најави градоначалникот Петре Шилегов кој денеска ја посети локацијата што веќе е исчистена од страна на службите.

„Станува збор за површина од над 6.000 квадратни метри и преку ЈП Улици и патишта во изминатиов период ја исчистивме таа дива депонија и исфрливме повеќе од 15.000 кубни метри смет. Денеска вршиме увид на овој нов јавен простор каде што треба да никне и мал парк и детско игралиште, со цел овој меѓник меѓу општините Аеродром и Центар да го уредиме“, рече Шилегов.

Тој, исто така, упати апел до граѓаните одговорно да се однесуваат со животната средина и отпадот што го создаваат.

„Ги потсетувам граѓаните на Скопје дека Скопје ќе биде онолку убав град колку што ние ќе сакаме сите заедно да го направиме“, порача градоначалникот.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата