Димовски: Многу е слатко кога човек од СДСМ ќе рече дека разговорите се сечени, лепени и монтирани

24.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Димовски: Многу е слатко кога човек од СДСМ ќе рече дека разговорите се сечени, лепени и монтирани

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на телевизија Телма, коментирајќи ја снимката која ја објави Антонио Милошоски за Зоран Заев, рече дека било многу слатко кога некој од СДСМ ќе рече дека разговорите се сечени, лепении монтирани.

- Многу е слатко кога човек од СДСМ ќе рече дека разговорите се сечени, лепени, монтирани. Тоа е со свој камен по глава. Сечени, лепени беа снимките за Мартин Нешковски, за Младенов, за Монструм. И тоа насочени да предизивикаат револт, а потоа за сите се покажа дека биле насочувани со една зла намера, рече Димовски.

- Јас ќе споменам еден предмет кој излезе во јавноста пред два месеци, во оној познат италјански весник „Ла Верита“ за изборните манипулации кои се случувале во Струмица и во Радовиш. Сите оние разговори  кои се случувале помеѓу луѓе од локалното раководство  и некои од републичкото раководство сите тие докази биле обезбедени на легитимен начин со дозволени ПИ-мерки, со дозвола од јавен обвинител со дозвола од суд итн. И таму имате еклатантни податоци како се купувале, како се вработувале, како бремена жена се избркала од работа заради тоа што не гласала за СДСМ и ЈО одлучило да не постапи во конкретниот случај. За нас е еклатантно јасно и СЈО и ЈО во целокупното време се комплетно претворени во локални штабови на СДСМ. Тие постапуваат таму каде имаат насока политички да  елиминираат, или да уценуваат, СЈО да ги рекетира бизнисмените, а таму каде треба да се заштити некој од типот на Рашковски, градоначалникот од Шуто оризари и на многу други афери кои ни се случија минатиот период нема никаква постапка, ова го укажа пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во своето гостување „Топ Тема“.

Димовски во своето гостување посочи дека поради сето ова потребно е ЈО и правосудниот систем да си ја завршат својата работа, а својата работа ќе си завршат кога ќе ги третираат сите граѓани еднакво. Тогаш има правда и тогаш има еднаквост. Според него не може градоначалникот на Шуто оризари кој му направил фрактура на череп на граѓанин на Шуто Оризари, а не добива ни условна казна, добива судска опомена и кога станува збор и за човеково здравје, за физичка пресметка, судството раководено од СДСМ го штити зошто е градоначалник од СДСМ.

Вечерва во емисијата „Топ Тема“ гостуваше Илија Димовски кој што посочи дека вистината за владеењето на СДСМ се откри, се виде вистинското лице на Зоран Заев каде што јасно се слуша дека ниту една одлука Врховен не може да донесе без негово одобрување. Во Македонија нема правда поради СДСМ и Зоран Заев, тие го контролираат целокупниот судски систем во државата.

„Добро е што го коментирате првиот дел од изјавата на Јово Вангеловски ама е лошо што не го коментирате вториот дел од изјавата од него. Таму кажува дека сите оние судии во Врховен суд кои што ги слушале насоките од Владата се унапредени. И ги има по име и по презиме. А, сите оние кои што се спротивставиле на насоките од Владата се разрешени, 3-4 судии во меѓувреме во последните неколку месеци отстапка на Републичкиот судски совет под контрола на една судијка од Струмица се разрешени. Значи тоа е вториот дел од изјавата на Јово Вангеловски“, појасни Димовски.

Димовски додаде дека околу снимката што излезе за Зоран Заев, многу е слатко кога ќе слушнете човек од СДСМ или кога ќе прочитате човек од СДСМ на социјалните мрежи коментира сечени, лепени и монтирани. Тоа народски кажано е со свој камен по своја глава. 

„Јас ќе потсетам што беа сечени, лепени, монтирани снимки кои што имаа зла компонента во себе како снимките сечени, лепени за Мартин Нешкоски, за „Монструм“, за Никола Младенов. Кои што имаа за цел да насочат револт на граѓани спрема одредена политичка структура извртувајќи ја комплетно вистината, што на крај сето тоа се покажа и се докажа дека била целосна конструкција“, истакна Димовски.

Димовски образложи дека е доста јасно тоа што го кажува Заев во тој дел од разговорот што го слушна јавноста, кај тој што вели дека Врховен суд не може да донесе одлука без негово знаење и без негова насока. А, вториот дел од снимката од разговорот на Заев е кај што се докажа дека се што СЈО работи е во координација со него.

„Тој самиот вели дека Катица е во тек, знае што треба да постапи, знае кои предмети како треба да се третираат. И се поклопува со она дека предметите се тенденциозно отворени, оние во кои што се тангираат луѓе кои што соработуваа со СДСМ во минатите две – три години си одат по бавна трака, се повторуваат, поротници исчезнуваат, не се одржуваат рочишта итн. И почнуваат одново. А, пак во предметите каде што има луѓе кои што одбиле да соработуваат со СДСМ си тераат постапките, се закажуваат по 3, по 7 рочишта. „Титаник“ има по 7 рочишта месечно и се одржуваат“, нагласи Димовски.

Димовски појасни дека се знае кои предмети се третирани од почеток, се знае кои предмети не се одржуваат. И се знае кои предмети не се третираат. И сето тоа си има јасна линија на поделба. 

„Дали ова што произлезе од снимката на Заев е логично или не? Значи имате јавен обвинител на Република Македонија кој што е назначен од Собрание, кај што има мнозинство СДСМ по предлог на Влада која што ја води исто така СДСМ. Имате Републички судски совет кој што е под целосна контрола на СДСМ, имате претседатели на судови кои што се назначени од истиот Републички судски совет, имате закони кои што 3 години СДСМ ги носеше, и имате СЈО кое што веќе не постои но кое што беше ударна тупаница – штаб на СДСМ. Минатите три години СДСМ и реално комплетно ја контролираше состојбата во судството“, рече Димовски.

Димовски потсети дека СДСМ се што можеше да распродаде, распродаде. Според „Транспаренси“ Македонија на степен за корупција е падната за 13 места и тоа сето се случи поради лошото владеење на СДСМ со државата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата