Тетовец со пиштол се заканувал на вработена на Гинекологија

24.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тетовец со пиштол се заканувал на вработена на Гинекологија

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Ш.(25) од с.Боговиње, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница’’.

На 04.02.2020, пријавениот со пиштол од вработена на Одделот на гинекологија ги побарал назад наплатените парични средства за хоспитализација за неговата сопруга, по што го напуштил местото.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата