Шести смртен случај од коронавирус во Италија

24.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шести смртен случај од коронавирус во Италија

Шеста личност почина денеска од коронавирус во Италија. Според италијанските медиуми, починала жена од градот Крема, покрај Милано. Таа починала во болница во Бреша, каде била пренесена во неделата. Станува збор за пациентка со карцином чија клиничка слика веќе била загрозена, пренесува „Индекс.хр“.

Стотина илјади луѓе се под мерки за карантин во северните италијански провинции Ломбардија и Венето, а ограничувањата се воведени со цел спречување на ширењето на коронавирусот, соопшти италијанската служба за цивилна заштита.

Околу 70.000 луѓе се под заштитни мерки во Ломбардија, а околу 30.000 во Венето.

Според локалните медиуми, во овие реони ечат сирени, маркетите се празни и многу тешко може да се најде леб.

Бројот на лица кај кои е потврдено присуство на коронавирус во Италија се искачи на 224, пренесе „Ла Република“.

Најмногу од заразените се во регионот Ломбардија, каде има 167 случаи на инфекција и четири смртни случаи.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата