Реваншот меѓу Интер и Лудогорец во 1/16-финалето од Лигата на Европа скоро сигурно ќе се игра пред празни трибини на „Џузепе Меаца“. Официјалната одлука на УЕФА денес се очекува да биде потврдена, а пред се поради стравувањето од ширењето на коронавирусот во Италија, а особено во северниот регион Ломбардија.

Нион ја чека одлуката на округот Ломбардија, кој денес чека одговор од Министерството за здравство. Опцијата да се игра на неутрален терен беше елиминирана поради краткото време за подготовка на мечот.