Еден од најдобрите фудбалски агенти во Светот, македонецот Фали Рамадани, бил цел на полициски претрес во неговиот дом во Мајорка шест часа.

Рамадани е осомничен за перење пари и затајување на данок. Тој се очекува да одговори на кривичните пријави уште оваа недела во Судот во Мадрид.

Познати клиенти на Рамадани се Кулибали, Пјаниќ, Ребиќ, Боатенг, Сане…

Инаку тој даде изјава и за „Билд“.

„Бев подложен на една нормална даночна ревизија. Ајде да видиме што ќе се испостави“, рече Рамадани.

Еден од сомнителните трансфери на Рамадани е оној на Јовиќ. Во 2016 година, Аполон од Кипар го купи Јовиќ за 2 милиони евра од Црвена Звезда, и неколку дена подоцна го продаде за 6,6 на Бенфика.