Каков ли само „бисер“ има Работнички во своите редови во името на Давид Тошевски. Два меча, две победи, три голови и сите негови, и шест максимални бода. Тоа е билансот на „романтичарите“ оваа пролет и се по заслуга најголема, на Давид. Тој со 18 години е првиот напаѓач на Работнички, најдобриот стрелец во Лигата, ако се смета само пролетниот дел. Вчера со два гола го „скрши“ Шкупи и ги „расплака“ гостинските фанови „шверцери“. А двата гола да ги даде, му овозможи неговиот соиграч Петар Петковски со двете прекрасни асистенции од таа лева страна. Силекс ја изненади Шкендија, своја улога одиграа голманот Божиновски и дефанзивецот Драшковиќ. Вардар е првиот тим кој успеал да слави во Велес, а квалитетно одиграа стрелецот Аврамовски, Адем, одново Леовигалдо и Најдовски. Китановски се виде дека е засилување за „лавовите“ на десната бековска позиција, додека Ренова со 2:0 ја победи Струга Трим Лум, а добри партии пружија Садики и стрелецот на вториот гол Кадриу.

ИГРАЧ НА КОЛО

ДАВИД ТОШЕВСКИ

Тим: Работнички

Роден: 16.07.2001 во Скопје

Кариера: Работнички