Играчите на НЛБ Банка дојдоа облечени од глава до пети во исти дресови и обединети ја победија екипата на Атлантик Група на натпреварот од 19-тото коло на Бизнис 3х3 Баскет.
За првпат од почнувањето на Бизнис 3х3 Баскет, во организација на Спорт План, екипата на Атлантик Група доживеа пораз од 2:0. Во првото полувреме екипата на НЛБ водеше со 16:12, а второто полувреме го заврши со резултат од 10:8.

НЛБ Банка покажа висок процент на реализација и добра тактичка подготвеност и го нанесе  првиот пораз на екипата која што досега беше носител на листата – Атлантик Група. Мотивацијата им беше голема, се претставија како екипа за пример и ја победија спротивната екипа.

Ова покажува дека во екипите на кошаркарскиот терен во СЦ „Јане Сандански“ се случува пресврт. Подобрувањето на екипите е очигледно, со оглед на тоа што екипата на Атлантик Група водеше на првото место 19 кола по ред.

Играчите од сите екипи се во сѐ подобра физичка кондиција и постигнуваат сѐ поголеми резултати, што ја прави играта многу неизвесна во секоја наредна недела и секое наредно коло.

Пријавувањето трае и за останатите компании кои што ќе сакаат да пријават своја екипа во возбудливата „Бизнис 3×3 Баскет“ забава. Пријавувањето на нови екипи за учество во новата сезона на веб страницата на Спортплан на следниот линк https://sportplan.mk/prijavi-se/.