СЗО против гласините: Лукот не помага против коронавирусoт

24.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СЗО против гласините: Лукот не помага против коронавирусoт

Светската здравствена организација (СЗО) тргна во борба против шпекулациите, полувистините и дезинформациите поврзани со коронавирусот.

Под мотото „Myth busters“ на веб-страницата на СЗО, меѓу другото, се укажува и дека лукот не штити од коронавирусот.

Исто така, се укажува и на тоа дека нема индикации оти миленичиња, мачки и кучиња се заразиле досега.

„Ние се бориме не само со епидемијата, туку и со ‘инфодемијата’. Лажните вести се шират побрзо и поедноставно од вирусите и се исто толку опасни“, рече шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гребрејзус.

За заштита од новиот вирус, треба често да се мијат рацете и потоа добро да ги избришат.

Исто така, СЗО не советува УВ-зрачење.

Прскањето на кожата со алкохол и хлор не помага ако вирусите веќе се во организмот.

Дури и маслото од сусам не го убива коронавирусот, реагира СЗО на ваквите шпекулации.

СЗО исто така посочува дека не се заканува опасност од инфекцијата со отворање писма или пакети од Кина.

„Од претходните анализи, знаеме дека коронавирусот на предмети како што се писма и пакети не може да преживее долго“, велат од здравствената организација.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата