Тајсон Фјури извојува фантастична победа над Дионтеј Вајлдер во седум рунди н аборбата во саботата во Лас Вегас и го освои шампионскиот појас во ВБЦ-верзијата. Неговиот промотор Еди Херн ден подоцна веќе го најави новиот спектакл – Фјури против Ентони Џошуа.

Според најавите, се очекува организација на борбата веќе пред Нова година.

„Јас веќе разговарав со Ентони и тој сака следната борба да биде со Фјури“, рекол Херн во изјава за медиумите.

„Секако дека сакаме таква борба, а и Ентони го сака тоа. Оваа борба ќе се случи и тоа годинава“, додал тој.