Нема информации за заразени Македонци со коронавирусот во Италија

24.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нема информации за заразени Македонци со коронавирусот во Италија

До овој момент нема информација за наши граѓани кои се заболени од коронавирусот во Италија, соопшти Министерството за надворешни работи по информациите добиени од Генералниот конзулат на Република Северна Македонија во Венеција, Италија.

Во зафатените региони Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања престојуваат околу 23.000 македонски државјани. Подетални информации околу развојот на состојбите, тие можат да добијат во Генералниот конзулат во Венеција на дежурниот телефонски број + 39 389 5837913 или е-маил [email protected]

„Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Рим и Генералниот конзулат во Венеција, редовно ја следи состојбата на македонските државјани кои се наоѓаат во овој регион и остварува комуникација со надлежните италијански органи во врска со мерките што се преземаат за спречување на ширењето на коронавирусот“, велат од МНР.

Министерството препорачува зголемени мерки на претпазливост при патување во италијанските региони Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања во овој период. Повеќе информации може да се добијат на travel.mfa.gov.mk.

Според последните информации, потврдени се 159 случаи на заразени лица со коронавирус во Италија и четири смртни случаи.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата