Пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири и неговата сопруга Бисера добија ќерка Далиа.
Ова му е трета ќерка на Мухамед кој има две тинејџерки од првиот брак, додека пак Бисера има син.
Далиа е нивното првозаедничко дете.
Зекири радосната вест ја сподели на Инстаграм каде посака неговата радост да ја имаат и сите останати.
„На овој свет денеска дојде Далиа Нани Зеќири, 50 см и 3.280 г. Бескрајно благодарни сме Господе што го израдува нашето семејство. Се молиме Господе оваа радост која ние ја почувствувавме денеска, да ја почувствуваат и сите оние парови кои посакуваат да имаат деца!!! Амин3 напиша Зекири на Инстаграм