Милвоки Бакс успеаја да обезбедат место во плеј-офот на НБА лигата два месеци пред почетокот на мечевите од разигрувањето за титулата.

Со неверојатниот Адетокумбо, кој има просек од 30 поени, 13,6 скока и 5,8 асистенции по натпревар, Бакс се најдобриот тим во регуларната сезона во НБА, за што сведочат резултатите, а со својата доминација веќе испишаа историја.

Тимот на Адетокумбо на 23 февруари веќе е во НБА плеј-офот со што стана прв во историјата на НБА кој во вака рекордно време обезбедил и математички место во завршните дуели. Со тоа Бакс го соборија рекордот на Голден Стејт.

Момците од Милвоки досега имаат 48 победи и осум порази.