Јово Вангеловски ЌЕ ГО ТУЖИ СДСМ

23.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јово Вангеловски ЌЕ ГО ТУЖИ СДСМ

Ниту најмалку не сум вознемирен, одговори Јово Вангеловски на соопштението на СДСМ во кое од партијата велат дека е „логична вознемиреноста на Јово Вангеловски, познат во јавноста како Јово превара“. За оваа навреда поранешниот претседател на Врховниот суд побара извинување, а ако не го добие најави дека ќе покрене соодветна постапка.

„Ниту најмалку не сум вознемирен. Полна е со неточни податоци за постапката за мое разрешување. За предметот кој го спомнуваат постапката е запрена на 10.02.2020 година. А во таа постапка со мене сообвонети беа судии кои се унапредени, за што зборував во мојата денешна изјава. Меѓу нив е и нивниот миленик судијата Кире Здравев, сегашен претседател на Судскиот совет. За искажаната јавна навреда, доколку јавно не се извинат, ќе покренам соодветна постапка“, реагираше Вангеловски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата