По пет натпревари без победа во сите натпреварувања, Севиља ја покажа својата вистинска сила против едно од најпријатните изненадувања во Ла Лига оваа сезона, екипата на Хетафе. На гостувањето вечерва, момците на Лопетеги обезбедија убедлива победа од 3:0 и прекинаа еден долг пост без успех во сите натпреварувања.

По големата битка во првиот дел, со голот на Окампос во 43. минута Севиља успеа да замине на пауза со предност од 1:0.

Во вториот дел кога домашните притиснаа во обида да израмнат, Севиља набрзина искористи две шанси и практично го заклучи натреварот во своја полза. Фернандо погоди во 67. минута за 2:0, додека третиот гол за гостите од Андалузија беше дело на Кунде во 73. минута.

Standings provided by Sofascore LiveScore