Трагична грешка, голем судиски кикс се случи во Ѓорче на мечот меѓу Македонија ЃП и Академија Пандев. Не е тука во прашање дали Најденов во 98.минута играл со рака или не, туку прашање е како ја отсудија целата ситуација главниот судија Благојче Ралевски и четвртиот Марјан Маркоски. А ја отсудија катастрофално, трагично.

Познато е дека Маркоски се повреди и Ралевски, кој беше четврти судија влета на теренот. Тогаш ги променија улогите, Ралевски беше главен до крајот а Маркоски пак четврти. И дојде таа ситуација во 98.минута, Ралевски прво покажа играта да продолжи, дека немало пенал. Потоа беше викнат од Маркоски кој му кажа дека тој видел пенал.

Замислете, само во Македонија четвртиот судија е ВАР, тој ги менува одлуките на главниот судија. Е, па секоја чест. „Браво“ за Маркоски кој од 50-60 метри видел дека Најденов играл со рака, а Ралевски кој беше многу поблиску, не видел. И прашањето е што па Маркоски толку инсисистираше и му „нареди“ на главниот судија да покаже на белата точка во корист на Македонија ЃП која победи со голот на Блажевски, токму со тој пенал.

И на крај да се запрашаме. Кој ли овој судија Благојче Ралевски? Се додека има такви како него ќе нема фудбал во Македонија. Па друже, ако си главен судија што има тебе четвртиот да ти кажува што да судиш.

Фото: Bitolanews