Ја скршив таблата со Северна која МЕ ПОНИЖУВА, казната ќе ја платам

23.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ја скршив таблата со Северна која МЕ ПОНИЖУВА, казната ќе ја платам

Откако МВР информираше дека го привеле Н.Ќ од Велес поради тоа што во алкохолизирана состојба ја искршил поставената табла со натпис „Република Северна Македонија“ поставена на објект на ул.„Димитар Влахов“ во Велес, со реакција на својот фејсбук профил излезе и Никола Ќурчиев.

- Луѓе вака. Нит сум член на партија ниту некој ме натерал да ја скршам таблата. Причината е тоа што секојдневно минам и кога ќе ја прочитам кованицата северна секогаш ми иде тешко на душава и ме боли, секогаш кога ќе го видам тоа се осеќам згазен, навреден и понижен. И се погоди пијан да се враќам од чаршија и ја искршив. Не се гордеам со потегот, ама морам да изреагирам некако да се осетам жив. А сам се пријавив од две причини. Прво да не ме собираат од дома и да ги вознемирувам моите уште рано од сабајле и второ ако избегав и ако не се пријавев ќе беше скршена табла само, вака ми се слушна гласот и револтот. Свесно се направив и свесно сам ќе си ја платам казната што ми следува. Да живее Република Македонија, напиша Ќурчиев на својот фејсбук профил.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата