Ал Пачино и Меитал Дохан се разведуваат ЗАРАДИ 39-ГОДИШНАТА РАЗЛИКА ВО ГОДИНИ

22.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ал Пачино и Меитал Дохан се разведуваат ЗАРАДИ 39-ГОДИШНАТА РАЗЛИКА ВО ГОДИНИ

Израелската актерка Меитал Дохан ги потврди гласините дека се разделила со партнерот Ал Пачино, откако помина во брак цели две години.

Говорејќи за израелскиот магазин „Ла’Иша“, 40-годишната актерка која глуми во Ведс, објасни дека причината за разводот е 39-годишниот јаз во години.

„Тешко е да се биде со човек толку стар, дури и со Ал Пачино“, објасни таа, бидејќи Пачино има 79 години.

„Се обидов да не обраќам внимание на тоа, но тој веќе е постар човек. Дури и со целата моја љубов, тоа не траеше“.

Таа исто така додаде дека друга причина може да биде тоа што Пачино „не сакал да троши пари“.

„Како можам да кажам учтиво дека не сакаше да троши пари?“ изјави Дохан за Ла'Иша. „Само ми купуваше цвеќе“.

Сепак, Дохан инсистираше на тоа дека двајцата сè уште се пријатели. Гласините за нивниот развод почнаа да се шират откако Пачино се појави само на Оскарите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата