Вељко Ражнатовиќ си ја отвори душата: ЦЕЦА И АНАСТАСИЈА ПЛАЧЕА, а јас поинаку гледам на тие работи

22.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вељко Ражнатовиќ си ја отвори душата: ЦЕЦА И АНАСТАСИЈА ПЛАЧЕА, а јас поинаку гледам на тие работи

Вељко Ражнатовиќ кој во ноември минатата година се ожени за Богдана Родиќ, дури сега проговори за помпата која се крена околу неговата венчавка.

„Сите кога ќе стапат во брак велат колку е магично. Навистина добро поминав со најблиските, но сепак не сум толку емотивен. Сестра ми и мајка ми плачеа, мене ми беше убаво и тоа е навистина најубавиот ден во мојот живот, но жените тоа го доживуваат поинаку“ вели Вељко

Познато е дека за неколку месеци тој и Богдана ќе станат родители, па Вељко не крие дека едвај чека да дојде тој ден и открива како неговата сопруга се однесува како бремена жена.

„Со нетрпение го очекувам, се радувам како мало дете. Отсекогаш сакав моето прво дете да биде машко. Анастасија отсекогаш имала проблем во животот. Се шегувам, секако. Но ме плашеа сите кога е бременоста во прашање, но мојата сопруга е убава и вистинска легенда, фала Богу, рече Вељко

Тој посочи дека подготвува вистинска веселба со пријателите далеку од очите на јавноста, а откри и дали во иднина планира да си замине од куќата на Цеца.

„Со кого треба да ја оставам Цеца? Кога ќе се појави некој кој е доволно машко за да може со мојатата мајка да живее, јас тогаш ќе им оставам приватност, но дотогаш јас ќе ја чувам“ содаде Вељко

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата