ЗАЕВ: СДСМ ПОВЕЌЕ НЕ Е МАКЕДОНСКА ПАРТИЈА, туку мултиетничка (ВИДЕО)

22.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЗАЕВ: СДСМ ПОВЕЌЕ НЕ Е МАКЕДОНСКА ПАРТИЈА, туку мултиетничка (ВИДЕО)

Зоран Заев вчера од Виница истакна дека СДСМ не е веќе македонска партија, туку е мултиетничка партија со доминантно македонско гласачко тело, а тоа како што рече е во склоп со етничкиот состав на државата.

„СДСМ веќе не е македонска туку мултиетничка партија“  и поради тоа е фаворит на изборите, изјави вчера Заев

Воедно Заев истакна дека СДСМ е спремна уште пред изборите да коалицира со една или повеќе албански партии.

„За прв пат ќе смогнеме сили да направиме предизборна коалиција со албански партии. Ние веќе не сме македонска политичка партија – ние сме мултиетничка партија со доминантно македонско гласачко тело, но таков ни е и етничкиот состав на државата. Сето тоа ни дава за право да бидеме фаворити на овие избори“,  изјави Заев во Виница.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата