Девизниот пензионер го тепале со метален предмет, а устата му ја врзале да не вика - ДО НЕГО БИЛ ПРОНАЈДЕН СПИСОК СО ИМИЊА

21.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Девизниот пензионер го тепале со метален предмет, а устата му ја врзале да не вика - ДО НЕГО БИЛ ПРОНАЈДЕН СПИСОК СО ИМИЊА

Полицијата за време на истрагата за убиството на девизниот пензионер Слободан Здравковиќ од Зајечар кое се уште не е расветлено, открила дека тој позајмувал пар на разни луѓе. А се верува и дека за парите им земал и камата.

Во неговиот дом бил пронајден список на лицата на кои им позајмил пар, како и колку пари дал на секое лице.

„Тетратката ја усмери истрагата во правец на запишаните имиња имиња. Преку оперативна работа, полицијата дошла до бројни откритија кои ги доближуваат до сторителот. Здравковиќ живеел релативно осамен живот, и прифатил само одредени луѓе во неговиот дом. Неговата порта секогаш била заклучена, па сторителот на фаталната ноќ морал да го прескокне преку оградата“ велат изворите за локалните медуми

Засега не е познато дали било украдена сума пари од куќата и колку.

За потсетување телото на Слободан Здравковиќ беше пронајдено во неговата куќа во Зајечар во понеделникот наутро од страна на неговата куќна помошничка.Тој бил целиот во модринки, а рацете, нозете и устата му буле врзани.

„Тој беше убиен со удирање со метален предмет по целото тело, што укажува дека веројатно бил измачуван за да признае каде криел пари. Речиси е сигурно дека станува збор за единствен сторител и дека мотивот за убиството е само-интерес. Здравковиќ бил девизен пензионер и работел во Германија во фабриката „мерцедес“ – вели истиотт извор.

Соседите велат дека два пати се женел, последниот период пуштил оглас во медиумите дека бара жена во кој се пофалил дека има германска пензија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата