Епидемија на ГРИП владее во Ѓорче Петров

21.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Епидемија на ГРИП владее во Ѓорче Петров

На социјалната мрежа ФБ на страницата Ѓорче Петров, објавена е информација за епидемија на грип. Постот ви го пренесуваме во целост.

Да се превземе нешто со ЕПИДЕМИЈАТА од грип која владее во градинките и училиштата во Ѓорче Петров !
Не знам зошто се молчи до таа мера, кога евидентно е дека половина класови се отсутни од настава, а групите во градинките се скоро па доведени на минимум.
Зошто се инсистира на настава по секоја цена?
Зарем треба да се повтори случајот со ОУ Страшо Пинџур во Даме Груев кога се прогласи епидемија на жолтица?
Кружи шпекулација дека во градинката Росица во Хром се појавила мрса.
Апелираме до надлежните институции и одговорните раководители веднаш да превземат мерки додека не е предоцна!
Да се повикаат родителски средби и совети на родители, а не да се бега од оваа тема!
Не може да се одржи стабилна состојбата кога воошто не се внимава на примарното здравство ниту на превенцијата на епидемијата од грип, кога во овие установиу нема ни елементари услови за хигиена,а ние како родители собираме пари за сапун!

Нека се превземат мерки додека не е предоцна!

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата