ФОТО: На повидок нова зараза во АРМ

21.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ФОТО: На повидок нова зараза во АРМ

Минатата година бевме сведоци на појава на шуга кај војници во касарната во Велес за што министерката тогаш се произнесе дека тоа било нормално, а истото се случи и во касарната во Илинден кога кујнскиот блок беше преплавен од фекалии а за санација беа потребни повеќе од еден месец.

До редакцијата на Курир во текот на вчерашниот ден се доставени фотографии од командата на бригадата стационирана во касарната во Петровец на кои се гледа дека објектот плива во фекалии и измет. Станува збор за командата на најголемата борбена единица на АРМ, односно на декларираната единица за членство во НАТО. Од АРМ потврдуваат дека станува збор за состојба која се влече подолг период и проблем за кој во неколку наврати го имаат известено Министерството за одбрана кое до овој момент нема преземено ништо.

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата