Чулев: Нарачаните пасоши нема да имаат „северна“

20.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чулев: Нарачаните пасоши нема да имаат „северна“

Новите патни исправи, коишто се очекува да пристигнат следниот месец нема да го имаат новото име на државата, рече на денешната прес конференција министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев. Како што кажа тој, причина за тоа е немање технички спецификации околу изгледот на новата патна исправа, што, според Чулев требало да биде завршено од тимот предводен од претходниот министер, Оливер Спасовски.

„Нема да бидат најверојатно веднаш со новото име заради тоа што не се утврдени техничките спецификации околу изгледот на новата патна исправа“, рече Чулев.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата