ЈСП: Дополнителен број автобуси за Задушница

20.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЈСП: Дополнителен број автобуси за Задушница

ЈСП информира дека во пресрет на верскиот празник Задушница, утре (21.02.2020 година) и во сабота (22.02.2020 година), на редовните линии 59 (Карпош 3-Кучевишка бара/Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче-Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.

Возниот ред може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk.Дополнителни информации можат да се добијат во Диспечерски центар на 3173-224.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата