Путин го отпушти најпознатиот советник Сурков

18.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Путин го отпушти најпознатиот советник Сурков

Рускиот претседател Владимир Путин со декрет го отпушти еден од неговите најпознати советници, Владислав Сурков, креаторот на „Путинизмот“ и „вертикалата на моќта“, за чие заминување се шпекулира со недели.

Сурков пред неколку дена беше сменет како главен преговарач за конфликтот во источна Украина од заменик началникот на Генералштабот, Дмитриј Козак.

Руската опозиција не го толерира Сурков бидејќи организирал систем на управување на почетокот на 2000 година преку контролирани медиуми, кротка опозиција во парламентот и задушување на протести. Тогаш Сурков го создаде концептот за „вертикална моќ“, државна моќ која зависи само од Владимир Путин.

Од 2014 година тој е главен стратег на Русија за украинската криза, обележана со анексијата на Крим во 2014 година и судир на Киевските сили и проруските сепаратисти на истокот на земјата, во кои загинаа повеќе од 13.000 луѓе.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата