Осквернавени еврејски гробишта во близина на Страбур

19.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Осквернавени еврејски гробишта во близина на Страбур

Околу 80 гробови се осквернавени на Еврејските гробишта во источна Франција, соопштија властите. Штетата е откриена денеска, во пресрет на најавените маршови на национално ниво против зголемувањето на антисемитистичките напади.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја осуди антисемитската злоупотреба, по нападот на истакнат интелектуалец за време на протестите во Париз изминатиот викенд.

Полицијата интервенираше за да го заштити филозофот, Алан Финкелекраут, откако тој беше бомбардиран со навреди и антиеврејски подбивања од страна на демонстрантите од групата „жолти елеци“.

Министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, предупреди дека антисемитизмот во земјата се шири како отров, преку постојани пријави за серија антиеврејски инциденти во центарот на Париз.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата