Проверете дали ќе можете да поднесете ЗАВРШНА СМЕТКА - ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР НЕ СПРОВЕЛ ПРОМЕНИ НА ЕМАИЛ АДРЕСИ

17.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Проверете дали ќе можете да поднесете ЗАВРШНА СМЕТКА - ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР НЕ СПРОВЕЛ ПРОМЕНИ НА ЕМАИЛ АДРЕСИ

Централен регистар не функционира. Граѓани и компании испратија дописи до Вечер.мк, во кои посочуваат дека иако поднеле навреме документи, по повеќе од една година, Централниот регистар не ги спровел потребните промени.

Па така, освен што не ги спроведува промените во адресите, ЦР не спровел ниту промена на останатите контакти на правните субјекти, како што се контакт телефони или емаил адреси.

Ова е голем проблем, бидејќи овие правни субјекти не можат да поднесат завршни сметки годинава. 

Со емаил адресите, правните субјекти треба да добијат лозинки од Централен регистар за да можат навреме да ги поднесат завршните сметки. Такви лозинки, сеуште немаат добиено, бидејќи промените на адресите, емаил адресите и телефоните, во ЦР не се спроведени.

Од Централен регистар им рекле пак да поднесат документи, за да го спроведат она што веќе требало лани или 2018 година да го направат.

Од годинава стартува целосно електронско поднесување на завршни сметки, без хартиени копии, однос без бек-ап.

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата