Македонската кошаркарска репрезентација го одигра единствениот пријателски натпревар пред стартот на квалификациските натпревари за место на ЕП 2021 година. Прв противник на нашите момци ќе биде Естонија, дуелот се игра во четврток, три дена подоцна и гостуваме на Русија.

Селекторот, Александар Тодоров вчера на лице место можеше добро да види како функционира овој нов состав на нашиот најдобар национален тим.

„Првиот циклус го завршивме со пет тренинзи и еден пријателски натпревар. Најпозитвно е тоа што од петокот ги имавме на располагање сите 15 кошаркари. Креиравме состав со млади играчи, кои сериозни пристапуваат на секој тренинг.

Вчера на пријателскиот натпревар видовме од каде ќе доѓаат проблемите. Гостивар е тим што игра сличен стил на кошарка како Естонија, со одлични шутери на високите позиции.

Денеска ќе ја направиме таа видео-анализа на вчерашниот натпревар и ќе се фокусираме да ги исправиме тие грешки во напад и во одбрана“, изјави Тодоров за СПОРТМЕДИА.