Поранешниот славен играч од средниот ред во Реал Мадрид, Хозе Марија Гутиерез, или попознат како Гути, кој сега е тренер на шпанскиот второлигаш Алмерија беше обвинет дека загубил првенствен меч (3:2) од Хуеска поради забава со своите играчи.

Гути во минатото беше познат како играч кој сака да се забавува, сака бурен живот, диско клубови и ноќни барови и неговиот живот беше под лупата на јавноста. Сега, неговиот тим нема победа на четири натпревари во серија, а дел од навивачите тоа го препишуваат на забавите во доцна во ноќта на Гути и неговите фудбалери.

Дел од нив тврдат дека тренерот и играчите биле видени во локален ноќен клуб пред натпреварот, а Гути беше и тоа како навреден и изјави:

„Ако најдете некаде фотографија од мене сам во тој клуб или во друштво на играчи, јас веднаш ќе поднесам оставка и ќе му ги вратам на клубот сите пари што ми ги има исплатено досега како тренер. Не сум бил излезен, мојата совест е чиста. Ова беше тежок ден за мене и за моето семејство. Немам време за глупости. Наутро излегувам со мојот син, доаѓам на работа и се враќам повторно кај семејството во попладневните часови.“.